Животот на Ангела Меркел на филм

Филмот ќе започне да се прикажува во 2017 година

Животот на Ангела Меркел на филм

Сценарист на филмот во кој ќе играат неколку меѓународни артисти и кој ќе биде вид драма е Дирк Курбјувеит. Тој вели дека биографијата на актуелната германска канцеларка Ангела Меркел била многу интересантна и дека е време светот да дознае за животот на канцеларката Меркел.

Дирк Курбјувеит со години ја следи животната приказна и политичката кариера на Меркел и вели дека е импресиониран од начинот како Меркел воспоставува одличен дијалог со медиумите и како на многу лесен начин го користи својот авторитет.

Според Курбјувеит Мерјкел е најинтересната политичка фигура на векот. Тој досега има објавено две книги за Ангела Меркел , “ Ангела Меркел“ и „Без алтернатива“.


Тагови:

Слични вести