ТРТ ТУРК повторно на кабелска мрежа во Германија

ТРТ ТУРК влезе во мрежата на кабелските канали во Северна Рајна Вестфалија, Хесен и во Баден Виртенберг

218428
ТРТ ТУРК повторно на кабелска мрежа во Германија

Информативниот телевизиски канал ТРТ ТУРК влезе во мрежата на кабелските канали во Северна Рајна Вестфалија, Хесен и во Баден Виртенберг во Германија.

Генералниот директор на Турската Радио и Телевизија ТРТ Шенол Ѓока по свеченото потпишување на договорот во Минхен рече дека радува фактот што по двогодишна пауза емисиите на ТРТ повторно ќе бидат присутни во мрежата на кабелските телевизии во Германија. Се определивме за кабелска мрежа свесни за грижата на земјите членки на Европската унија за зачувување на природната средина. Во Германија живеат 3.600 000 турски државјани така да мислам дека овој проект ќе ги задоволи сите, додаде Ѓока.

Генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока во рамките на средбите и контактите во Минхен се состана со генералниот директор на Бајеришер Рундфунк, Улрих Вилхелм и со министерката Беате Мерк.


Тагови:

Слични вести