6 години емисии на курдски јазик на ТРТ

Целта ни е преку овој канал да допреме до најоддалечените места на Турција, истакна генералниот директор Шенол Ѓока

180714
6 години емисии на курдски јазик на ТРТ

По повод честата годишнина од воведувањето на радио и телевизиски емисии на курдски јазик на турскиот јавен сервис ТРТ, во Истанбул се приреди свеченост,.

На свеченоста на присутните им се обрати генералниот директор на Турската Радио и телевизија Шенол Ѓока. Ѓока во свечениот говор акцентот го стави на братството и на помирувањето со фактот на постоењето на различитостите.

Телевизискиот канал на курдски јазик ТВ Шеш започна да емитува во 2009 година и освен во Турција со интересирање се следи и во Ирак ,Иран и во Ерменија.

Во иднина каналот ќе го носи името ТРТ Курди. За тоа генералниот директор на ТРТ Шенол Ѓока рече дека името на каналот произлезе од самиот јазик на кој што се емитуваат емисиите на овој канал. Ако јазикот на каналот е курдски сосема нормално е каналот да го носи името ТВ Курди.

Целта ни е преку овој канал да допреме до најоддалечените места на Турција, да го зголемиме аудиториумот, истакна Ѓока.

 


Тагови:

Слични вести