Цел на нападот во Парис заедно со исламот беа сите вери

Чувствата треба да се изнесат без клеветење и понижување на вредностите на кои луѓето придаваат значење

180184
Цел на нападот во Парис заедно со исламот беа сите вери

По осудата на нападот на списанието Шарли Ебдо во Франција претседателот на Секретаријатот за верски прашања Мехмет Ѓормез вчера даде интервју за познатата француска новинска агенција АФП.

Ѓормез во интервјуто рече дека овој напад ги зеде за мета сите вери заедно со исламот. Многу е тажно да се увиди дека за масакрот се изнесуваат високите вредности на исламот.
Ѓормез ја изрази лутината по повод извикувањето на маскираните лица дека наводно се осветиле за навредите и повикот Алаху екбер, што може да се види од видео снимките за нападот на списанието Шарли ебдо кои беа објавени на социјалните медиуми и рече:
„Целта на нападот не беа само вработените во списанието. Нападот беше извршен врз сите луѓе во светот кои придаваат значење на мирот. Искористувањето на исламските симболи на отворен начин особено во една ваква акција претставува манипулација со перцепцијата на луѓето. За жал, учителите на убијците манипулираат со симболите на нашата вера и предизвикуваат исмејување и подбивање.“ рече Ѓормез.
Ние сме верници кои веруваме во мировната порака на Аллах и сите негови пејгамбери (божји пратеници) кои во својство на водичи го доставуваат Неговиот повик за мир.
Во интервјуто, Ѓормез подвлече на значењето на слободата на изразување и потенцираше дека чувствата треба да се изнесат без клеветење и понижување на вредностите на кои луѓето придаваат значење.
Ѓормез во интервјуто се осврна и на исламофобијата која во последно време бележи се поголем раст и рече дека искористувањето на вредностите и придобивките на исламот со овој вид масакри се планира да се предизвика провокација во Европа против муслиманите.


Тагови:

Слични вести