Награда од МАЗЛУМДЕР за ТРТ

Дописникот на ТРТ Мехмет Акиф Ерсој ја доби наградата за печат

164686
Награда од МАЗЛУМДЕР за ТРТ

8-та традиционална вечер на човековите права се одржа во Истанбул од страна на здружението МАЗЛУМДЕР.

На вечерата беа осудени сите прекршувања на човековите права и слободи во целиот свет и беа доделени награди во 5 категории за човекови права.
На вечерата што се одржа во Културниот центар Башакшехор Емин Сарач учествуваа голем број бранители на човекови права од земјава и светот.
Целта на вечерта беше да се забележат бранителите на човековите права во историјата и да се удостојат сите оние кои што се спротивставуваа на прекршувањето на човековите права светот без оглед на тоа каде се наоѓаат.
На вечерата на која беа доделени награди во пет категории дописникот на ТРТМехмет Акиф Ерсој ја доби наградата за печат по повод активностите на Блискиот Исток.
Во изјавата во врска со наградата Ерсој рече дека ТРТ вложи големи напори за навремено и беспристрасно информирање во врска со случувањата во рамките на Арапската пролет како и бунтовите. Ние бевме само дел од овие активности, рече Ерсој.


Тагови:

Слични вести