Дискутабилниот филм „Интервју" на интернет

Филмот може да се најми и купи преку веб страниците по цена од 6 до 15 долари

160458
Дискутабилниот филм „Интервју" на интернет

Сатиричниот филм на компанијата Сони Пикчрс во кој се раскажува за обидот за атентат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, по прикажувањето во 250 кино сали за време на Божиќните празници, ќе се прикажува и преку интернет.

Филмот „Интервју“ кој предизвика големи реакции кај властите на Северна Кореја може да се најми и купи преку веб страниците на Google Play, YouTube, Microsoft Xbox Video и Sony по цена од 6 до 15 долари.
Филмот чија цена на чинење изнесуваше милиони долари предизвика дипломатска криза меѓу САД и Северна Кореја.
Една хакерска група изврши сајбер напад на веб страницата на компанијата Сони на интернет и им се закани на кино салите во кои ќе се прикажува филмот.
Над 20 илјади кино сали кои се подготвуваа да го прикажат филмот, поради заканите од Северна Кореја фрлија чекор назад.
По одложувањето на прикажувањето на филмот во поголем број кино сали во САД, американското Федерално биро за истражување (ФБИ) соопшти дека одговорноста за спречувањето на прикажувањето на филмот се заканите на Северна Кореја.


Тагови:

Слични вести