Ден на образование на турски јазик во Македонија

Празникот Ден на образование на турски јазик е празник на сите Турци кои живеат во РМ

156391
Ден на образование на турски јазик во Македонија

Турската заедница во Македонија свечено го одбележа 21 декември, Денот на образование на турски јазик на свечената манифестација што се одржа во Скопје.

Во рамките на програмата по повод свеченото одбележување на празникот што се одржа под покровителство на Амбасадата на РТ во Скопје, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Институтот Јунус Емре и Управата за соработка со Турците и роднинските заедници во странство како и Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), беше одржана и конференција под наслов „Образованието на турски јазик од минатото во иднина“.
На конференцијата учествуваа министерот од турско потекло во Владата на РМ Фуркан Чако, амбасадорот на РТ во Скопје Омур Шендинли, претседателот на одделението за Балкан и Источна Европа при ТИКА Махмут Чевик, претседателот на МАТУСИТЕБ Тахсин Ибрахим, членот на уставниот суд на РМ од турско потекло Салих Мурат, голем број научници, уметници, политичари, учители, бизнисмени и други високи гости.
Министерот Чако во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека празникот Ден на образование на турски јазик не претставува празник само на една индивидуа, здружение или политика партија, туку празник на сите Турци кои живеат во РМ.


Тагови:

Слични вести