Промоција на Турција во Јапонија

Во Токио се одржа промоција на Турција која предизвика големо интересирање на граѓаните

143851
Промоција на Турција во Јапонија

Промоцијата беше пропратена со штандови на кои беа прикажани турската култура, историја, туристичките потенцијали и турските кулинарски специјалитети.

После презентацијата се одржа посебна мини програма посветена на градот Дијарбакир. Програмата ја подготвија губернијата на градот Дијарбакир и Клтурниот центар Јунус Емре.

Изборот на Дијарбакир на промоцијата не беше случаен бидејќи Дијарбакир е кандидат за влез во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО во 2015 година.

Јапонците кои многу се интересираат за туристички патувања ветија дека идната година во поголеми групи ќе допатуваат во Турција.

 


Тагови:

Слични вести