Археолошките ископувања во античкиот град Патара

Завршија годинашниве археолошки ископувања во античкиот град Патара во близината на Анталија

124534
Археолошките ископувања во античкиот град Патара

Во рамките на последните археолошки истражувања беа откриени остатоци од 3000-та година п.н.е. кои потекнуваат од крајбрежјето на Ликија.
Имено Патара е еден од најзначајните антички градови на Анадолија.
Денес остатоците на античкиот град се наоѓаат во околината на туристичкиот центар Каш, додека во минатото беше престолнина на кралството Ликија.
Патара е познат со првото демократско собрание и најстариот светилник во светот.
Во рамките на 26 годишните ископувања и годинава беа откриени значајни остатоци.
Според откриените остатоци, човечката историја на областа потекнува дури од раното бронзено доба.
Еден од значајните остатоци кои беше една древна кована пара.
Оваа древна кована пара датира од втората емисија на ковани пари во Ликија. Истата има големо значење бидејќи е првата која беше откриена од тој период во областа.
Ова откритие истовремено претставува еден вид пресвртница од аспект на оддалеченоста меѓу ликијските градови.


Тагови:

Слични вести