Во Хатај започнаа „Денови на кујната на медитеранските земји"

Хатај е еден од четирите градови во светот кој е прифатен од страна на УНЕСКО за „Град на светската гастрономија“

114018
Во Хатај започнаа „Денови на кујната на медитеранските земји"

Во рамките на 4-дневната промоција ќе учествуваат познати шефови и гурмани од 17 Медитерански земји кои ќе ги промовираат богатите кујни на своите земји.
На тој начин, богатството на разновидноста на религиите и културите на Хатај ќе се одрази и врз кујната на овој град.
Хатај со богатата кујна и разновидни јадења и специјалитети е еден од четирите градови во светот чија апликација беше прифатена од страна на УНЕСКО за вбројување на листата на „Град на светската гастрономија“.
Деновиве Хатај кој важи за престолнина на вкусовите е домаќин на една значајна манифестација под наслов „Денови на кујната на медитеранските земји“.
Во рамките на 4-дневната промоција ќе учествуваат познати шефови и гурмани од 17 Медитерански земји кои ќе ги промовираат богатите кујни и специјалитети на своите земји.
Манифестацијата која се одржува „Платформата за иновации на градот Хатај“ и во координација со Губернијата на градот Хатај започна со парада и марш на поворката.
Анимацијата на Дафне и Аполон на кочијата украсена со ловорови лисја која шеташе по градот беше пропратена со големо одушевување од страна на присатните.
Претставниците и приврзаници на различни религии во Хатај на граѓаните им фрлаа цвеќиња од возилото на кое пишуваше: Не постои јас, ти, тој! Постоиме ние.
Гувернерот на Хатај Џелалетин Лекесиз во врска со одржувањето на манифестацијата рече дека Хатај навистина е посебен град кој скоро во сите периоди на историјата беше за пример и со векови беше домаќин на различни религии и култури. Освен тоа Хатај е познат и по различните богатства кои се плод на различните култури и цивилизации. Едно од нив е кујната на овој град со околу 600 видови различни јадења на низа народи и култури. Затоа една од целите на оваа манифестација е промоцијата на Хатај и неговите богатства, рече гувернерот Лекесиз.


Тагови:

Слични вести