ТРТ потпиша протокол за соработка со албански Планет ТВ
Протоколот предвидува размена на програми, реализација на заеднички проекти и размена на кадри, искуства и знаења
Турската Радио и Телевизија ТРТ потпиша протокол за соработка со албанскиот телевизиски канал Планет ТВ.
Делегација од Планет ТВ допатува во Анкара на посета на Турската Радио и Телевизија ТРТ. На делегацијата и се придружи амбасадорот на Албанија во Анкара Генц Мучај.
Гостите на чело со амбасадорот Мучај и генералниот директор на албанскиот телевизиски канал Планет ТВ Ахмет Мучај ги прими генералниот директор на ТРТ Ибрахим Шахин .
Ибрахим Шахин изрази големо задоволство од посетата и ги запозна гостите со работењето на јавниот сервис ТРТ. Шахин рече дека моментално ТРТ соработува со 130 радио и телевизиски канали низ целиот свет.
Генералниот директор на Планет ТВ Мучај го извести генералниот директор на ТРТ Ибрахим Шахин за работењето на нивниот канал и додаде дека Планет ТВ се гледа како во Албанија така и во соседните земји Грција и Италија и дека нивна желба е соработката да ја прошират и со ТРТ.
Нешто потоа се потпиша протокол за соработка меѓу ТРТ и Планет ТВ. Протоколот предвидува размена на програми, реализација на заеднички проекти и размена на кадри, искуства и знаења.
Слични вести

Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов
Алтун изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња