Меѓународен фолклорен фестивал во Азербејџан

Турција на фестивалот ја претстави фолклорната екипа на Здружението на народни игри

97730
Меѓународен фолклорен фестивал во Азербејџан

Во Масали, Азербејџан се одржа 3. меѓународен фолклорен фестивал.

На фестивалот учествуваа фолклорни ансамбли и групи од Турција, Иран, Казахстан, Украина, Дагестан, Литванија , Русија и домаќинот Азербејџан.

Фестивалот кој ќе трае 3 дена на свечен начин го отворија претставници од министерството за култура на Азербејџан, амбасадори на странските земји во Баку, пратеници и еминентни лица од културниот живот.

Концертите на фолклорните екипи со аплаузи беа пречекувани и испраќани од бината. Граѓаните на Масали и гостите од другите градови кои само за оваа прилика допатуваа во градот беа импресионирани од фолклорните носии на изведувачите.

Турција на фестивалот ја претстави фолклорната екипа на Здружението на народни игри.

Меѓународниот фолклорен фестивал во Масали се одржува по повод одбележувањето на 91. годишнина од раѓањето на починатиот претседател на Азербејџан Хајдар Алиев.


Тагови:

Слични вести