Индексот на индустриското производство на Турција во март со раст од 9,6 отсто на годишна база

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на индустриското производство на Турција во март годинава, во споредба со истиот месец претходната година, оствари раст од 9,6 отсто на годишна база

1826380
Индексот на индустриското производство на Турција во март со раст од 9,6 отсто на годишна база

Индексот на индустриското производство на Турција на годишна база  оствари раст од 9,6 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите од индексот на индустриското производство за месец март оваа година.

Според тоа, индексот во секторот за рударство и каменоломство во месец март годинава во споредба со истиот месец минатата (2021) година оствари раст од 2,9 отсто, во секторот на производствената индустрија раст од 10,6 отсто, а во секторот за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас, пареа и климатизација раст од 1,9 отсто.

Во месец март, индексот во секторот рударство и каменоломство во споредба со претходниот месец (февруари- од оваа година се намали за 4,9 отсто и секторот на производствената индустрија за 2,2 отсто, а во секторот за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас, пареа и климатизација е остварен раст од 4,8 отсто.

 



Слични вести