Турција највисокиот месечен извоз на сите времиња со 1,8 милијарди долари го оствари во Германија

Турција во месец април оствари извоз во Германија во висина од 1 милијарда 832 милиони долари што претставува остварен највисок месечен извоз на сите времиња

1825380
Турција највисокиот месечен извоз на сите времиња со 1,8 милијарди долари го оствари во Германија

Турција минатиот месец (април) највисокиот месечен извоз на сите времиња со 1 милијарда 832 милиони долари го оствари во Германија.

Продолжувајќи го на силен начин својот пат со алтернативни пазари на извоз Турција ја зголемува својата надворешна продажба и на постоечките пазари.

Германија, како земја која е локомотивен пазар во извозот на Турција, ја задржува својата лидерска позиција на врвот, а воедно придонесува и за постигнување на нови рекорди во надворешната продажба.

Турција во месец април оствари извоз во Германија во висина од 1 милијарда 832 милиони долари со што го собори својот месечен рекорд во извозот во оваа земја.

На тој начин, Германија продолжи да биде пазар во кој Турција остварува најголема надворешна продажба.

Извозот на Турција во Германија во април во споредба со истиот месец од претходната година е зголемен за 20,8 отсто.

Уделот на Германија во надворешната продажба на Турција изнесува 7,8 отсто.

Најголемиот извоз во Германија минатиот месец, во април, е остварен од страна на автомобилската индустрија со 395 милиони 856 илјади долари.

Турција во април оствари извоз во Германија во висина од 1 милијарда 832 милиони долари што претставува остварен највисок месечен извоз на сите времиња.

По оваа земја следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 1 милијарда 530 милиони долари, Обединетото Кралство 1 милијарда 107 милиони долари, Италија 1 милијарда 12 милиони долари и Шпанија со 980 милиони 344 илјади долари.

Извозот на Турција во САД се зголеми за 50,2 отсто, во Обединетото Кралство за 13,2 отсто, Италија за 23,3 отсто и во Шпанија за 31,8 отсто.

 



Слични вести