Четвртиот брод на Турција за сондажа се очекува да пристигне во пристаништето на Мерсин на 19 мај

Четвртиот брод на Турција за сондажа (подводно дупчење) кој својата пловидба ја започна од пристаништето Окпо во Јужна Кореја, се предвидува да пристигне во пристаништето Ташучу во Мерсин на 19 мај

1825379
Четвртиот брод на Турција за сондажа се очекува да пристигне во пристаништето на Мерсин на 19 мај

Четвртиот брод на Турција за сондажа (подводно дупчење) што ќе ѝ биде додаден на флотата се очекува да пристигне во пристаништето Ташуџу во Мерсин на 19-ти мај.

Бродот кој на 7 мат отплови од Јужна Кореја и проодлжува да плови во близина на брегот на Алжир, ќе биде четвртиот брод за сондажа (подводно дупчење) што ќе ѝ се приклучи на флотата на Турција со бродови за сондажа составена од „Фатих“, „Кануни“ и „Јавуз“.

Бродот кој својата пловидба ја започна од пристаништето Окпо во Јужна Кореја, се предвидува да пристигне во пристаништето Ташуџу во Мерсин на 19 мај.

Бродот долг 238 метри и широк 42 метри, опремен со напредна технологија од седма генерација, се очекува својата прва задача да ја започне во Источниот Медитеран.

На бродот чија височина на кулата изнесува 104 метри и кој сега го носи името „Cobalt Explorer“ се очекува да му се даде ново име.

Четвртиот брод на Турција за сондажа кој располага и со активен систем за позиционирање е со капацитет на екипаж составен од 200 лица и може да врши сондажа на длабочина од 12.200 метри.

Бродот кој ќе биде подготвен за сондажа (подводно дупчење) во пристаништето Ташуџу  во Мерсин во текот на приближно 2 месеци, на почетокот на месец јули ќе биде подготвен за задача во Медитеранот.

 



Слични вести