Најголемата јахта во светот „Титан“ пристигна во Бодрум

Јахтата, која има повеќе од 30 кабини, има спортски салон, џакузи на палубата, кино, клуб на плажа и можност за многу други активности

1823222
Најголемата јахта во светот „Титан“ пристигна во Бодрум

„Титан“, една од најголемите јахти во светот пристигна во Бодрум, Мугла.

Јахтата долга 80 метри, широка 13 метри која плови под знамето на Кајманските Острови, се закотви на брегот на Јаличифтлик Махалеси.

Јахтата, која дојде од Египет, во областа Бодрум пристигна по обиколката на заливите во Фетије и Ѓокова.

Јахтата, која има повеќе од 30 кабини, има спортски салон, џакузи на палубата, кино, клуб на плажа и можност за многу други активности.

Претходниот ден, од рафинеријата Алиага во пристаништето Фетије до јахтата со танкер беше донесено гориво, а исто така беше доставена храна и пијалоци.



Слични вести