Министерот за трговија Муш: Турција во април го оствари најголемиот месечен извоз на сите времиња

Министерот за трговија Муш истакна дека извозот во април годинава со раст од 24,6 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, достигна 23,4 милијарди долари

1822472
Министерот за трговија Муш: Турција во април го оствари најголемиот месечен извоз на сите времиња

Министерот за трговија Мехмет Муш на одржаната прес-конференција во Анкара ги соопшти бројките во надворешната трговија за месец април.

Муш изјави дека извозот во април годинава со раст од 24,6 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, достигна 23,4 милијарди долари.

Министерот Муш рече: „Оваа бројка е највисокиот остварен месечен извоз на сите времиња.“

Велејќи дека по големиот постигнат успех во извозот во 2021 година Турција го продолжува својот силен перформанс и во првите четири месеци од 2022 година, Мехмет Муш рече: „Во април нашиот извоз со раст од 24,6 отсто во споредба со истиот месец од претходната година достигна 23,4 милијарди долари. Оваа бројка е најголемиот месечен извоз на сите времиња. Во првите три месеци од 2022 година ги објавивме највисоките месечни бројки. На тој начин продолжи нашиот тренд на раст. Од друга страна, нашиот извоз од 1 милијарда 956 милиони долари што го остваривме на 29 април, е доста вреден од аспект на тоа што е највисокиот остварен извоз за само еден ден во историјата на Републиката.“

Министерот Муш информира дека обемот на надворешната трговија во месец април оваа година со раст од 30,1 отсто во споредба со претходната година е зголемен на 52,8 милијарди долари, додека увозот во однос на истиот месец од 2021 година е зголемен за 35 отсто и достигна 29,5 милијарди долари.

Министерот за трговија Мехмет Муш привлече внимание дека има целосна верба во тоа оти силните перформанси ќе продолжат и во текот на 2022 година и дека ќе се постигнат нови рекорди во извозот.

 



Слични вести