ЕБРД соопшти дека нејзините инвестиции во 2021 година во Турција достигнаа 2 милијарди евра

Покрај сопственото финансирање, ЕБОР лани понуди уште 572 милиони евра, од други извори, што е рекордно ниво

1769701
ЕБРД соопшти дека нејзините инвестиции во 2021 година во Турција достигнаа 2 милијарди евра

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) соопшти дека нејзините инвестиции во 2021 година во Турција достигнаа рекордно ниво од 2 милијарди евра.

Во соопштението на ЕБОР се наведува дека повеќе од 85 отсто од ова финансирање беше наменето во приватниот сектор, а 55 отсто за проекти кои ја поддржуваат одржливоста.

Во соопштението се истакнува дека по шокот предизвикан од епидемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), во 2021 година во Турција е направена рекордна инвестиција од 2 милијарди евра за поддршка на закрепнувањето на приватниот сектор и транзицијата кон „зелена“ економија.

Во соопштението на банката се наведува дека ЕБОР, покрај сопственото финансирање, лани понудила уште 572 милиони евра, од други извори, што е рекордно ниво, .



Слични вести