Азербејџан ќе го зголеми извозот на гас за Турција

Портпаролот на Државната нафтена компанија на Азербејџан (СОКАР) Ибрахим Ахмедов соопшти дека е одговорено позитивно на барањето на Турција за зголемување на извозот на природен гас од Азербејџан за Турција

1768897
Азербејџан ќе го зголеми извозот на гас за Турција

Портпаролот на Државната нафтена компанија на Азербејџан (СОКАР) Ибрахим Ахмедов соопшти дека ќе биде зголемен извозот на природен гас за Турција.

Ахмедов во објавеното писмено соопштение истакна дека Турција поднела барање до Азербејџан за да ја задоволи привремената потреба предизвикана од техничките проблеми во врска со увозот на природен гас од Иран во Турција.

Велејќи дека е одговорено позитивно на барањето на Турција по ова прашањеАхмедов рече:„Ќе бидат мобилизирани посточеките можности и ќе се зголеми извозот на природен гас од Азербејџан во Турција во согласност со нејзиното поднесено барање.“



Слични вести