Турција во 2021 година оствари извоз на јаболка во износ од 180 милиони долари

Турција која во 2020 година оствари извоз на јаболка во износ од 110 милиони 340 илјади 968 долари, минатата (2021) година со раст од 63,17 отсто оствари извоз од 180 милиони долари

1766764
Турција во 2021 година оствари извоз на јаболка во износ од 180 милиони долари

Турција минатата (2021) година оствари извоз на јаболка во 80 земји во светот во износ од 180 милиони долари.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), Турција која во 2020 година оствари извоз на јаболка во износ од 110 милиони 340 илјади 968 долари, минатата (2021) година оствари раст од 63,17 отсто.

На тој начин, лани од земјата е реализирана пордажба на јаболка во 80 земји во износ од 180 милиони долари.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област (БАИБ) Умит Мирза Чавушоглу, истакна дека расте извозот на свежо овошје и зеленчук во последните две години, а јаболката се меѓу производите кои обезбедуваат најголем раст на извозот.

Велејќи дека во претходните години најмногу јаболка и е продадена на Русија, но дека сепак Русија опадна на второто место во 2021 година, додека на првото место се наоѓа Индија, Чавушоглу рече: „Индија, во која никогаш не сме извезувале и во која околу 3 години како почнавме да извезуваме, во сериозна мера увезува јаболка и Турција дојде на значајно место во овој увоз. Се појави важен пазар и за нашиот регион.“

Умит Мирза Чавушоглу рече дека по Индија и Русија, земји во кои се извезува најмногу јаболка се Либија и Ирак.

 



Слични вести