Истанбулскиот Аеродром бројот на своите патници во 2021 година го зголеми за уште 22 милиони лица

Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), минатата година на домашни и меѓународни линии низ континентот патуваа околу 900 милиони патници

1763761
Истанбулскиот Аеродром бројот на своите патници во 2021 година го зголеми за уште 22 милиони лица

Истанбул кој беше домаќин на 7 отсто од лицата кои патуваа по воздушен пат во Европа минатата (2021) година, го зголеми бројот на своите патници за 22 милиони во споредба со претходната 2020 година.

Според податоците на Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ), минатата година на домашни и меѓународни линии низ континентот патуваа околу 900 милиони патници.

Во Европа, околу 7 отсто од вкупниот број на патници кои летаат во 2021 година беа носени преку Истанбул. Овој процент во претходната (2020) година во регионот за кој станува збор е регистриран како 5 отсто.

Минатата година на сите аеродроми во Истанбул беа пречекани вкупно 62 милиони 145 илјади 270 патници, од кои 26 милиони 713 илјади 191 на домашни линии и 35 милиони 432 илјади 079 на меѓународни линии.

Исто така минатата година во Истанбул со авион патуваа 40 милиони 361 илјада 570 лица со што во споредба со претходната година е регистриран раст од 54 отсто и е остварено зголемување за 21 милион 783 илјади 700 патници.

 



Слични вести