Инсталираната моќност на Турција во соларната енергија достигна до 7.816 мегавати

Турција во последните години ги интензивира своите активности за обезбедување на потребите од енергија од извори на обновлива енергија коишто се нарекуваат „чиста енергија“ и за намалување на својата зависност од енергија од надвор

1763705
Инсталираната моќност на Турција во соларната енергија достигна до 7.816 мегавати

Инсталираната моќност на Турција во соларната енергија за 8 години од 40 мегавати се зголеми на 7.816 мегавати.

Турција во последните години ги интензивира своите активности за обезбедување на потребите од енергија од извори на обновлива енергија коишто се нарекуваат „чиста енергија“ и за намалување на својата зависност од енергија од надвор.

Според сумираните податоци од страна на Министерството за енергија и природни ресурси, авантурата на Турција во производството на соларна енергија започна во 2014 година со инсталирана моќност од 40 мегавати.

Инсталираната моќност која со влијанието и на поддршките со секоја година расте, во 2015 година се зголеми на 249 мегавати, а во 2016 година на 833.

Во 2017 година пак, кога е забележан најголем раст од приближно 311 отсто во споредба со претходната година се зголеми на 3.421 мегават.

Во минатата (2021) година кон мрежата беше вклучена нова соларна централа од 1.149 мегавати.

На тој начин инсталираната моќност на соларната енергија во земјата достигна до 7.816 мегавати.



Слични вести