Извозот на цитрусно овошје на Турција во 2021 изнесува 934,9 милиони долари

Надворешната продажба на цитрусно овошје која во 2020 година изнесуваше 932 милиони 803 илјади долари, во 2021 година достигна до 934 милиони 891 илјади долари

1762716
Извозот на цитрусно овошје на Турција во 2021 изнесува 934,9 милиони долари

Извозот на цитрусно овошје во 2021 година обезбеди придонес за турската економија со заработени девизни приходи од 934 милиони 891 илјада долари.

Според сумираните податоци од страна на Униите на извозниците во средоземноморската област (АКИБ) во 2020 година е остварен извоз на цитрусно овошје од 1 милион 801 илјада тони, додека во 2021 година оваа бројка достигна  до 1 милион 963 илјади тони.

Кај цитрусното овошје извозот во 2021 година е зголемен не само на количинска, туку и на вредносна база.

Надворешната продажба на цитрусно овошје која во 2020 година изнесуваше 932 милиони 803 илјади долари, во 2021 година достигна до 934 милиони 891 илјади долари.

Најмногу извезувани производи од цитрусното овошје се мандарините, а потоа следуваат лимуните, портокалите и грејфуртот.



Слични вести