Турција во 2021 година оствари извоз на чај во 120 земји во износ од 19,5 милиони долари

Според податоците на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), од извозот на 5.500 тони чај во 120 земји во светот се заработени приходи во износ од 19 милиони 575 илјади 574 долари.

1762086
Турција во 2021 година оствари извоз на чај во 120 земји во износ од 19,5 милиони долари

Турција минатата (2021) година им продаде чај на 120 земји во светот.

Според податоците на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), од извозот на 5.500 тони чај во 120 земји во светот се заработени приходи во износ од 19 милиони 575 илјади 574 долари.

Белгија, Германија, Соединетите Американски Држави (САД), Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Холандија и Франција се земји од кои се обезбедени најголеми приходи од продажбата на чај.

За разлика од претходната година, во овој период им беше испратен чај на уште 16 земји меѓу кои се наоѓаат и Хрватска, Литванија, Египет и Унгарија.

Од извозот на 4.750 тони чај минатата (2021) година се заработени 17 милиони 436 илјади 542 долари, што во количинска база во споредба со претходната (2020) година изнесува раст од 16 отсто, а во вредносна база раст од 12 отсто.



Слични вести