Раст на индексот на индустриското производство на Турција во ноември во 2021 година

Според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), индустриското производство на Турција во ноември 2021 година, во споредба со истиот месец претходната (2020) година, оствари раст од 3,3 отсто на месечна база и 11,4 отсто на годишна база

1761919
Раст на индексот на индустриското производство на Турција во ноември во 2021 година

Индексот на индустриското производство на Турција во ноември во 2021 година постигна раст од 3,3 отсто на месечна и 11,4 отсто на годишна база.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите во врска со индексот на индустриското производство за месец ноември минатата (2021) година.

Според тоа, индустриското производство на Турција во ноември 2021 година, во споредба со истиот месец претходната (2020) година, оствари раст од 11,4 отсто.

Кога ќе се анализираат потсекторите на индустријата, во наведениот месец ноември 2021 година, индексот на секторот рударство и каменоломство во споредба со истиот месец претходната (2020) година забележа раст од 7,5 отсто, производствената индустрија раст од 12,5 отсто, а во секторот за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас, пареа и климатизација забележа раст од 4 отсто.

Индустриското производство во Турција, во ноември 2021 година постигна раст од 3,3 отсто на месечна база.

Во овој период, индексот на производствената индустрија е зголемен за 3,8 отсто, а на индустријата за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,4 отсто.

 



Слични вести