Извозот на бродови и јахти на Турција за 5 години достигна до 6,4 милијарди долари

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на Турција на бродови, јахти и нивни услуги за 5 години достигна до 6,4 милијарди долари, а најголема продажба е остварена во Норвешка со 1 милијарда 647 милиони долари

1761996
Извозот на бродови и јахти на Турција за 5 години достигна до 6,4 милијарди долари

Извозот на Турција во секторот на бродови, јахти и нивни услуги за 5 години достигна до 6 милијарди 400 милиони долари, додека најголема продажба во овој период е остварена во Норвешка со 1 милијарда 647 милиони долари.

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), турскиот сектор на бродови, јахти и нивни услуги во 2021 година фрли потпис на надворешна продажба во износ од 1 милијарда 626 милиони 377 илјади долари.

На тој начин, во периодот 2017-2021 година, извозот на секторот достигна до 6 милијарди 372 милиони 397 илјади долари.

Во извозот на секторот во период од 5 години на првото место се наоѓа Норвешка со 1 милијарда 646 милиони 901 илјада долари.

По оваа земја, редум следуваат Маршалските Острови со 589 милиони 941 илјади долари, Малта 513 милиони 410 илјади долари, Русија 346 милиони 382 илјади долари и Франција со 152 милиони 642 илјади долари.

Во овој процес внимание привлекува тоа што во Соединетите Американски Држави (САД) е остварен извоз од 114 милиони 821 илјада долари, а во Кина 101 милион 412 илјади долари.

 



Слични вести