Успешно реализирано тестирањето на протокот на гас во бушотината „Туркали-1“ во Црното Море

Според објавеното соопштение на профилот на Турската нафтена компанија (ТПАО) на социјалната мрежа Твитер, во детектираната бушотина во ултра длабоко море „Туркали-1“ е дојдено до длабочина од 2.143 метри во водата и до последна длабочина од 3.920 метри

1760686
Успешно реализирано тестирањето на протокот на гас во бушотината „Туркали-1“ во Црното Море

Турската нафтена компанија (ТПАО) успешно го заврши тестирањето на протокот на гас на првото ниво во резервоарот (R2) во детектираната бушотина „Туркали-1“, во гасното поле Сакарја, во Црното Море.

Според објавеното соопштение на профилот на Турската нафтена компанија (ТПАО) на социјалната мрежа Твитер, во детектираната бушотина во ултра длабоко море „Туркали-1“ е дојдено до длабочина од 2.143 метри во водата и до последна длабочина од 3.920 метри.

Турската нафтена компанија (ТПАО) го заврши тестирањето на протокот на гас во бушотината за детектирање Туркали-1 која зазема место во ултра длабокото море во гасното поле Сакарја, во Црното Море. На тестираното ниво е обезбеден дневен проток на 1,15 милиони кубни метри природен гас.

Според анализите и податоците добиени во рамките на тестирањето, во бушотината (бунарот) се претпоставува дека постои потенцијал на производство на гас од 2,7 милиони кубни метри дневно.

Тестовите за проток на гас во бушотината на теренот ги реализира бродот за сондажа „Кануни“ кој се приклучи во инвентарот на Турската нафтена компанија (ТПАО) во 2020 година.



Слични вести