Турција во 2021 година најголемата надворешна продажба ја оствари на Германија

Извозот на Турција во Германија во 2021 година со раст од 22,9 отсто на годишна база се зголеми на 17 милијарди 705 милиони 400 илјади долари со што го достигна историскиот врв

1760673
Турција во 2021 година најголемата надворешна продажба ја оствари на Германија

Турција минатата (2021) година најголемата надворешна продажба ја оствари на Германија.

Според добиени информации од сумираните податоци на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на Турција во минатата (2021) година во споредба со претходната (2020) година со раст од 32,9 отсто се зголеми на 225 милијарди 367 милиони 700 илјади долари.

Извозот на Турција во Германија во 2021 година со раст од 22,9 отсто на годишна база се зголеми на 17 милијарди 705 милиони 400 илјади долари со што го достигна историскиот врв.

Во надворешната продажба по Германија, редум следуваат Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави (САД), Италија и Шпанија.

Во 2021 година извозот на Турција во Обединетото Кралство со раст од 26,3 отсто достигна до 13 милијарди 229 милиони 700 илјади долари, во САД со раст од 45 потсто до 12 милијарди 844 милиони 700 илјади долари, во Италија со раст од 40,5 отсто до 10 милијарди 660 милиони 500 илјади долари и во Шпанија со раст од 45,8 отсто до 9 милијарди 242 милиони долари.



Слични вести