Турција во 2021 оствари извоз на јагоди во износ од 46 милиони 118 илјади долари

Турција од извозот на 42.500 тони јагоди во 2021 година заработи приходи во износ од 46 милиони 118 илјади долари

1760051
Турција во 2021 оствари извоз на јагоди во износ од 46 милиони 118 илјади долари

Турција, од остварениот извоз на јагоди во 43 земји во 2021 година обезбеди девизни приходи во износ од 46 милиони 118 илјади долари.

Според сумираните податоци од страна на Униите на извозниците од егејската област, од продажбата на 25.600 тони јагоди во 2020 година беа заработени приходи од 25 милиони долари.

Турција, извозот на јагоди во 2021 година на количинска база во споредба со претходната (2020) година со раст од 66 отсто го зголеми на 42.500 тони, со што своите приходи во споредба исто така со претходната година со раст од 84 отсто ги зголеми на 46 милиони 118 илјади долари.

Русија стана земја во која беа испратени најмногу јагоди, со остварена продажба во износ од 27 милиони 810 илјади долари.

По оваа земја, редум следуваат Романија со 8 милиони 910 илјади долари и Ирак со 5 милиони 608 илјади долари.



Слични вести