Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во 2021 година надмина 3 милијарди долари

Извозниците од секторот на свежо овошје и зеленчук во 2021 година остварија надворешна продажба во износ од приближно 3 милијарди 083 милиони долари

1759597
Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во 2021 година надмина 3 милијарди долари

Извозот на свежо овошје и зеленчук на Турција во 2021 година во споредба со претходната (2020) година со раст од 13 отсто достигна до приближно 3 милијарди 083 милиони долари.

Според сумираните податоци на Унијата на извозниците од средоземноморската област, во извозот на свежо овошје и зеленчук кој во 2020 година изнесуваше 2 милијарди 729 милиони долари во 2021 година е остварен раст од 13 отсто.

Извозниците од секторот лани (2021) остварија надворешна продажба на свежо овошје и зеленчук во износ од приближно 3 милијарди 083 милиони долари.

Во овој период во споредба со претходната (2020) година со раст од 16 отсто е остварен извоз на овошје во износ од 1 милијарда 252 милиони долари, зеленчук од 875 милиони 713 илјади долари со раст од 25 отсто и цитрусно овошје од 934 милиони 891 илјада долари.

 



Слични вести