Индустрискиот извоз на Турција во 2021 година со 170,8 милијарди долари достигна до највисоко ниво на сите времиња

Индустрискиот извоз на Турција во 2021 година во споредба со претходната (2020) година се зголеми за 34 отсто и се искачи на 170 милијарди 880 милиони 400 илјади долари

1759601
Индустрискиот извоз на Турција во 2021 година со 170,8 милијарди долари достигна до највисоко ниво на сите времиња

Индустрискиот извоз на Турција во 2021 година со раст од 34 отсто во споредба со претходната (2020) година се зголеми на 170 милијарди 880 милиони 400 илјади долари достигна до највисоко ниво на сите времиња.

Според сумираните податоци од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на Турција во споредба со претходната (2020) година со раст од 32,9 отсто се зголеми на 225 милијарди 367 милиони 7 илјади долари.

Индустрискиот извоз на Турција во 2021 година во споредба со претходната (2020) година се зголеми за 34 отсто и се искачи на 170 милијарди 880 милиони 400 илјади долари.

На тој начин, извозот на индустрискиот сектор го достигна највисокото ниво на сите времиња.

Извозот на секторот сочинува 75,8 отсто од вкупниот извоз во 2020 година.

Од секторите поврзани со индустријата, најголемиот извоз минатата (2021) година е остварен во автомобилската индустрија со 29 милијарди 342 милиони 800 илјади долари.

По автомобилската индустрија, првите 5 сектори во индустрискиот извоз се секторот на хемикалии и нивни производи со 25 милијарди 348 милиони 500 илјади долари, челик со 22 милијарди 351 милион 4000 илјади долари, готова облека и конфекција со 20 милијарди 250 милиони 400 илјади долари и секторот на електро-електроника со 14 милијарди 176 милиони долари.

Минатата година најголема побарувачка за секторите во индустрискиот извоз пристигна од Германија.

По Германија редум следуваат Соединетите Американски Држави (САД), Шпанија, Обединетото Кралство, Норвешка, Холандија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Италија.

 



Слични вести