Турција од извозот на суви смокви заработи девизни приходи од 263 милиони долари
Турција од извозот на суви смокви во 2021 година во споредба со претходната (2020) година со раст од 11 отсто заработи девизни приходи во износ од 263 милиони 246 илјади долари
1758272

Во извозот на суви смокви како еден од водечките земјоделски производи за извоз на Турција во 2021 година во споредба со претходната (2020) година со раст од 11 отсто се обезбедени девизни приходи во износ од 263 милиони 246 илјади долари.
Според сумираните податоци од Униите на извозниците од егејската област, Германија стана земја со реализирана најголема продажба на суви смокви во 2021 година.
По Германија во која е остварена продажба од 37 милиони 719 илјади долари, следуваат Франција со продажба од 36 милиони долари и Соединетите Американски Држави (САД) со продажба од 35 милиони долари.