Извоз од 19 милијарди долари од турската автомобилска индустрија во земјите на ЕУ

Турската автомобилска индустрија минатата (2021) година во земјите на Европската унија (ЕУ) оствари извоз во износ од 18 милијарди 966 милиони 187 илјади долари

1758167
Извоз од 19 милијарди долари од турската автомобилска индустрија во земјите на ЕУ

Автомобилската индустрија која е локомотивен сектор и на турската економија во 2021 година оствари продажба во земјите на Европската унија (ЕУ) во износ од 18 милијарди 966 милиони 187 илјади долари.

Според сумираните податоци од страна на Унијата на извозниците на автомобилската индустрија Улудаг и Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), секторот кој минатата (2021) година оствари продажба во речиси 200 земји, автономни и слободни зони постигна извоз од 29 милијарди 342 милиони 795 илјади долари.

Тоа значи раст од 15 отсто во споредба со 2020 година.

Кога ќе се подгледне на база на групи земји, земјите од Европската унија (ЕУ) во 2021 година се наоѓаат на прво место во извозот на автомобили на Турција со 64,6 отсто.

Минатата (2021) година со раст од 11 отсто во споредба со претходната (2020) во овие земји е остварен извоз од 18 милијарди 966 милиони 187 илјади долари.

Земјите од ЕУ ја задржаа својата позиција како најважен пазар на Турција во извозот на автомобили.



Слични вести