Извозот на турскиот автомобилски сектор во 2021 година се искачи на 29,3 милијарди долари

Автомобилската индустрија која е локомотивен сектор на турската економија и која го заврши на лидерската позиција извозот и лани во 2021 година, минатата (2021) година оствари надворешна продажба во износ од 29,3 милијарди долари

1757631
Извозот на турскиот автомобилски сектор во 2021 година се искачи на 29,3 милијарди долари

Извозот на турската автомобилска индустрија во 2021 година достигна до 29,3 милијарди долари.

Автомобилската индустрија која е локомотивен сектор на турската економија и која го заврши на лидерската позиција извозот и лани во 2021 година со што ја прогласи својата 16-та шампионска титула, минатата (2021) година оствари надворешна продажба во износ од 29,3 милијарди долари.

Според соопштението на Унијата на извозниците на автомобилската индустрија Улудаг (ОИБ), извозот на автомобилската индустрија во 2021 година во споредба со претходната 2020 година со раст од 15 отсто изнесува 29 милијарди 342 милиони 794 илјади долари.

Автомобилската индустрија која повторно се наоѓа на прво место во извозот на Турција, на тој начин веќе 16 години е шампионски сектор во извозот.

Исто така и извоз на секторот во месец декември во споредба со истиот период претходната (2020) година со раст од 6 отсто достигна до приближно 3 милијарди долари, така што оваа бројка стана вториот највисок месечен извоз во историјата на секторот.

Земја во која е остварен најголем извоз во 2021 година е Германија.

Извозот во Германија лани (2021) во споредба со претходната (2020)година со раст од 17 отсто се искачи на 4 милијарди 168 милиони долари.

Минатата година, меѓу другите големи пазари е остварен раст во извозот на цвеќе во Франција за 14 отсто, Обединетото Кралство 39 отсто, Италија и Шпанија по 15 отсто, Полска 21 отсто, САД 29 отсто, Русија 51 отсто, Египет за 22 отсто и во Мароко раст за 19 отсто.

 



Слични вести