Во 2021 е остварен извоз на лешници од Турција во износ од 2,2 милијарди долари

Унијата на извозниците на лешници и нивни производи од црноморската област соопшти дека со остварениот извоз на 344.370 тони лешници е соборен уште еден рекорд со достигнување на највисокото ниво во историјата на Републиката

1756758
Во 2021 е остварен извоз на лешници од Турција во износ од 2,2 милијарди долари

Од Турција во 2021 година е остварен извоз на 344.370 тони лешници во 122 земји низ светот и од овој извоз се заработени приходи во износ од 2 милијарди 260 милиони 105 илјади 304 долари.

Во објавеното соопштение од страна на Унијата на извозниците на лешници и нивни производи од црноморската област се нагласува дека со остварениот извоз на 344.370 тони лешници е соборен уште еден рекорд со достигнување на највисокото ниво во историјата на Републиката.

Осврнувајќи се и на извозната сезона на лешник 2021-2022 година којашто продолжува, во соопштението се додава следното: „Во периодот од 01 септември до 31 декември 2021 година од извозната сезона 2021-22 година, од остварениот извоз на 158.465 тони се заработени 981 милион 190 илјади 866 долари. На крајот на сезоната 2021-2022 година се има за цел да се достигне до нов рекорд со надминување на количината од 350.000 тони.“



Слични вести