Историски раст во производството на ветерна енергија на Турција

Половината од инсталираната електрична енергија која е ставена во примена во Турција минатата година, ја сочинуваат централите за ветерна енергија

1756729
Историски раст во производството на ветерна енергија на Турција

Турција, минатата (2021) година со приближно произведени 1.750 мегавати енергија од ветер го постигна највисокиот раст на капацитетот во својата историја на годишна база.

Половината од инсталираната електрична енергија која е ставена во примена во Турција минатата година, ја сочинуваат централите за ветерна енергија.

Капацитетот од околу 1.750 мегавати во ветерна енергија кој беше пуштен во употреба минатата година, е забележан како највисок капацитет пуштен во употреба на годишно ниво во Турција.

Со ова зголемување, вкупната инсталирана моќност енергијата од ветер на Турција заклучно со крајот на 2021 година достигна до 10.750 мегавати, а вкупниот број на проекти во функција достигна до 270.

Претходно, највисоко годишно зголемување на капацитетот на ветерната енергија во Турција беше остварено во 2016 година со 1.248 мегавати.



Слични вести