Во 2021 година од Малатја е остварен извоз на суви кајсии во износ од 347,9 милиони долари

Претседателот на Трговската берза на Малатја Рамазан Озџан „Во 2021 година  остваривме извоз на 90.203 тони суви кајсии. Заработивме приходи од 347 милиони 905 илјади долари. Оваа година го соборивме рекордот на последните 5 години.“

1756305
Во 2021 година од Малатја е остварен извоз на суви кајсии во износ од 347,9 милиони долари

Минатата (2021) година од Малатја од кадешто се обезбедува значаен дел од светското производство на суви кајсии, во 115 земји се продадени 90.203 тони суви кајсии и од тоа се обезбедени девизни приходи во износ од 347 милиони 905 илјади долари.

Претседателот на Трговската берза на Малатја Рамазан Озџан рече: „Во декември реализиравме извоз од 8.924 тони суви кајсии. Од тоа остваривме приходи од 42 милиони 741 илјада долари. Споредено со месец декември 2020 година, станува збор за многу значаен раст, ѝ во количината, ѝ во приходите во извозот.“

Појаснувајќи дека минатата (2021) година беа постигнати значајни бројки во извозот, Озџан продолжи со следните зборови: „Во 2021 година  остваривме извоз на 90.203 тони суви кајсии. Од извозот од 90.203 тони заработивме приходи од 347 милиони 905 илјади долари. Оваа година го соборивме рекордот на последните 5 години.“

Озџан истакна дека ги зголемиле своите бројки за извоз на пазарот на Далечниот исток и го рече следното: „Во Кина во последните 5 месеци остваривме извоз на  2.542 тони суви кајсии. Од овој извоз заработивме 6 милиони 867 илјади долари.“

Велејќи дека секоја година се остварува извоз во 110-115 земји, Озџан нагласи дека минатата година во периодот август-декември најголем извоз е остварен во САД со 5.940 тони, а потоа следуваат Франција со 3.871 тон и Германија со 3.210 тони.

Рамазан Озџан појасни дека во последните 5 години од извозот на 467.862 тони суви кајсии се обезбедени приходи на економијата на земјата од 1 милијарда 384 милиони долари, а воедно додаде дека кајсиите од Малатја се многу значајни за економијата на земјата.

 



Слични вести