Турската автомобилска индустрија во 2021 година оствари извоз во износ од 29,3 милијарди долари

Турската автомобилска индустрија со извоз од 29 милијарди 342 милиони долари стана сектор кој оствари најголем извоз во 2021 година

1756354
Турската автомобилска индустрија во 2021 година оствари извоз во износ од 29,3 милијарди долари

Турската автомобилска индустрија со извоз од 29 милијарди 342 милиони долари стана сектор кој оствари најголем извоз во 2021 година.

Според податоците на  Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), по автомобилската индустрија која минатата (2021) година фрли потпис на извоз од 29 милијарди 342 милиони 795 илјади долари, следуваат хемикалиите и нивни производи со 25 милијарди 348 милиони 548 илјади долари и секторот на челик со 22 милијарди 351 милион 413 илјади долари.

Најголем пораст на извозот во 2021 година е остварен во секторот накит со 79,5 отсто.

Во индустриската групација која минатата година сочинуваше 75,8 отсто од вкупниот извоз на Турција, со раст од 34 отсто е остварен извоз во износ од 170 милијарди 880 милиони 410 илјади долари.

Во наведениот период, во земјоделската група која сочинува 13,2 отсто од вкупниот извоз со раст од 22,2 отсто е фрлен потпис на извоз од 29 милијарди 737 милиони 575 илјади долари, а во рударската група која сочинува 2,6 отсто од вкупниот извоз со раст од 38,9 отсто извоз од 5 милијарди 930 милиони 165 илјади долари.

Првите 3 земји во кои извозниците минатата (2021) година реализираа најголем извоз се редум Германија со 19,33 милијарди долари, Соединетите Американски Држави (САД) со 14,73 милијарди долари и Обединетото Кралство со 13,71 милијарди долари. Земји во кои е зголемен најмногу извозот на вредносна база се САД со раст од 4,54 милијарди долари, Италија со раст од 3,40 милијарди долари и Германија со раст од 3,35 милијарди долари.



Слични вести