Пастрмките коишто се одгледуваат во Дензили се извезуваат во 81 земја низ светот
Просечно годишно 60.000 тони пастрмка која се става во саламура во постројката во Меркезефенди се испраќа во 81 земја низ светот меѓу кои се наоѓаат и земји богати со риба како што се Норвешка, Шведска и Данска

Пастрмката одгледана во Денизли се извезува во 81 земја во светот со што овој град стана еден од важните извозни центри за одгледување на риба.
Просечно годишно 60.000 тони пастрмка која се става во саламура во постројката во Меркезефенди се испраќа во 81 земја низ светот меѓу кои се наоѓаат и земји богати со риба како што се Норвешка, Шведска и Данска.
Сопственикот на постројката Јасин Озпек вели: „Имаме годишен извоз од 20 милиони долари во земји како што се Данска, Холандија, Германија, Белгија, Чешка, Романија и Русија. Нашите производи се продаваат на сите пазари во Европа коишто ви доаѓаат на ум.“
Откако ќе се исчистат рибите коишто се одгледуваат во фарми тие се носат во постројките кадшето се подложени на различни процеси. Потоа се пушат во дабов чад, се пакуваат и стануваат готови за извоз.
Рибата пастрмка од Денизли е незаменлив производ на светските трпези.
Во градот Денизли се остварува 34 отсто од вкупниот извоз на пастрмка во Турција.