Во Анталија во 2021 година дојдоа над 9 милиони туристи

Туризмот во Анталија со надминување и на влијанијата на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во 2021 година доживеа значајно опоравување со што вкупниот број на туристи достигна до 9 милиони 081 илјада 502 лица

1755525
Во Анталија во 2021 година дојдоа над 9 милиони туристи

Вкупниот број на туристи кои дојдоа во Анталија, едната од најзначајните туристички дестинации во светот, во 2021 година со раст од 164 отсто во споредба со 2020 година достигна до 9 милиони 081 илјада 502 лица.

Туризмот во Анталија со надминување и на влијанијата на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во 2021 година доживеа значајно опоравување.

Заклучно со 30 декември 2021 година во градот дојдоа вкупно 9 милиони 081 илјади 502 странски туристи, што споредено со 2020 година е доживеан раст од 164 отсто.

Гледајќи ја распределбата по националности и земји, во 11-месечниот период јануари-ноември во 2021 година најмногу туристи во Анталија допатуваа од Русија со 3 милиони 543 илјади 314 лица.

Делот на руските туристи во вкупниот број туристи изнесува 41 отсто, а потоа редум следуваат Украина со 1 милион 268 илјади 362 туристи, Германија 1 милион 223 илјади 158 туристи и Полска со 412 илјади 978 туристи.



Слични вести