Претседателот Ердоган наредната недела ќе го соопшти постигнатиот рекорд на Турција во извозот

Министерот за трговија Мехмет Муш рече: „Следната недела нашиот почитуван претседател ќе го соопшти големиот рекорд што го постигнавме во извозот. Турската економија ќе продолжи да расте со извоз и во 2022 година и потоа.“

1753865
Претседателот Ердоган наредната недела ќе го соопшти постигнатиот рекорд на Турција во извозот

Како што се истакнува, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган наредната недела ќе го соопшти постигнатиот рекорд на Турција во извозот.

Министерот за трговија Мехмет Муш присуствуваше на состанокот на Заедничкиот совет на Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) што се одржа во седиштето на Унијата во Анкара.

Министерот Муш истакна дека и покрај негативностите предизвикани од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) турската економија успеа да постигне високи стапки на раст во тековната 2021 година.

Нагласувајќи дека Турција е на работ на значителна промена и трансформација во извозот, министерот за трговија Мехмет Муш рече: „Следната недела нашиот почитуван претседател ќе го соопшти големиот рекорд што го постигнавме во извозот. Турската економија ќе продолжи да расте со извоз и во 2022 година и потоа.“



Слични вести