Караисмаилоглу: Следната година бројот на аеродромите во Турција од 56 ќе се зголеми на 61
Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу рече: „Во моментов интензивно се оперира со 56 аеродроми. На нив следната година ќе им додадеме уште 5 аеродроми, нивниот број ќе го зголемиме на 61“

Следната година бројот на аеродромите во Турција од 56 ќе се зголеми на 61 аеродром.
Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу рече: „Во моментов интензивно се оперира со 56 аеродроми. На нив следната година ќе им додадеме уште 5 аеродроми, нивниот број ќе го зголемиме на 61.“
Караисмаилоглу во дадената изјава во Истанбул, во врска со воздушниот сообраќај го рече следното:„На ист начин ги обновивме целосно и железничките пруги. Нашата земја бо блиско време се запозна со комфорот, удобноста на брзите возови. Во моментов имаме проект за брз воз од 4.000 километри чија изградба е во тек. Со овие брзи возови ќе се превезуваат, и товар, и патници.“
Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу, во својот говор се осврна и на аеродромските инвестиции и информира дека бројот на аеродроми во Турција во 2022 година ќе се зголеми на 61.