Раст од 49 отсто во бројот на патници на аеродромите во Истанбул за 11 месеци во 2021 година

Од аеродромите во Истанбул во периодот јануари-ноември годинава (за 11 месеци) добиле услуга вкупно 56 милиони 20 илјади 455 патници од кои 24 милиони 621 илјада 677 на домашни летови и 31 милион 398 илјади 778 на меѓународни летови

1749552
Раст од 49 отсто во бројот на патници на аеродромите во Истанбул за 11 месеци во 2021 година

Бројот на патници кои патувале од/за аеродромите во Истанбул во период од 11 месеци оваа година е зголемен за 49 отсто во споредба со истиот 11 месечен период од 2020 година.

Според сумираните податоци од Генералната дирекција на Државната управа за аеродроми (ДХМИ или DHMI), со остварените летови од Истанбулскиот Аеродром во периодот јануари-ноември (за 11 месеци) патувале 33 милиони 261 илјада 923 патници.

Од патниците кои патувале низ аеродромот 9 милиони 635 илјади 405 патници летале на домашни дестинации и 23 милиони 626 илјади 518 меѓународни дестинации.

Аеродромот Сабиха Ѓокчен во Истанбул во првите 11 месеци од годината го користеле 14 милиони 986 илјади 272 патници  на домашни линии и 7 милиони 772 илјади 260 на меѓународни линии.

Во овој период од аеродромот добиле услуга 22 милиони 758 илјади 532 патници.

Од аеродромите во Истанбул добиле услуга вкупно 56 милиони 20 илјади 455 патници од кои 24 милиони 621 илјада 677 на домашни летови и 31 милион 398 илјади 778 на меѓународни летови.

Во истиот период од минатата година, бројот на патници кои ги користеле аеродромите во Истанбул изнесуваше 37 милиони 511 илјади 480.

На тој начин е пресметано дека бројот на патници кои патувале со остварените летови во периодот јануари-ноември оваа година, во споредба со истиот период лани е зголемен за приближно 49 отсто.

Бројот на патници кои дошле и заминале во овој период е зголемен за 18 милиони 508 илјади 975.

 



Слични вести