Продажбата на станови на странци во Турција во ноември со раст од 48,4 отсто достигна до 7.363

Во ноември годинава во Турција се продадени вкупно 178.814 станови/куќи од кои странците купиле 7.363 станови/куќи и во споредба со истиот месец (ноември) претходната година е остварен раст од 48,4 отсто

1747296
Продажбата на станови на странци во Турција во ноември со раст од 48,4 отсто достигна до 7.363

Продажбата на станови/куќи на странци во Турција во месец ноември годинава во споредба со истиот месец претходната година со раст од 48,4 отсто достигна до 7.363.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги објави статистичките податоци во врска со продажбата на станови/куќи во ноември.

Според тоа, во ноември во Турција се продадени вкупно 178.814 станови/куќи. Во овој период странците купиле 7.363 станови/куќи. Продажбата на станови на странци во ноември на годишна база е зголемена за 48,4 отсто.

Делот од продажбата на станови/куќи на странци во вкупната продажба изнесува 4,1 отсто.

На прво место во продажбата на станови/куќи на странци во ноември според градови се нааоѓа Истанбул со 2.922 продажби, а потоа следуваат Анталија со 1.917 година и Анкара со 428 продажби.

Во периодот јануари-ноември годинава пак, во споредба со истиот 11 месечен период претходната година, продажбата на станови/куќи на странци е зголемена за 39,4 отсто и достигна бројката од 50.735.

 



Слични вести