Раст на индексот на индустриското производство на Турција во октомври 2021 година
Инстутицијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на индустриското производство на Турција во месец октомври оваа година на месечна база забележа раст од 0,6 отсто, а на годишна база раст од 8,5 отсто

Индексот на индустриското производство на Турција во месец октомври оваа година на месечна база забележа раст од 0,6 отсто, а на годишна база раст од 8,5 отсто.
Инстутицијата за статистика на Турција (ТУИК) ги објави резултатите од индексот на индустриското производство во врска со месец октомври.
Според тоа, индустриското производство во октомври забележа раст од 0,6 отсто на месечна и 8,5 отсто на годишна база.
Индексот на секторот на рударство и каменоломство во октомври оваа година и во споредба со истиот месец претходната година, се зголеми за 9,2 отсто, индексот на преработувачка индустрија за 9,2 отсто и секторот за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 отсто. .
Во октомври, индексот на рударство и каменоломство во споредба со претходниот месец се намали за 0,3 отсто, индексот на преработувачка индустрија забележа раст од 0,7 отсто, а секторот за производство и дистрибуција на електрична енергија, гас, пареа и климатизација оствари раст 0,1 отсто.