Турција од извозот на риба хамси во 32 земји заработи 3,9 милиони долари

Според податоците на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (DKİB), од почетокот на риболовната сезона 2021-2022 е остварен извоз на 829 тони риба хамси во 32 земји во износ од 3,9 милиони долари

1745930
Турција од извозот на риба хамси во 32 земји заработи 3,9 милиони долари

Од Турција е остварен извоз на риба хамси во 23 земји во износ од 3,9 милиони долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (DKİB), од почетокот на риболовната сезона 2021-2022 е остварен извоз на 829 тони риба хамси. 

Од овој извоз во периодот септември-ноември се заработени приходи од 3 милиони 857 илјади 556 долари. 

Турција во овој период им продаде риба хамси на 23 земји во светот, а на првите три места се наоѓаат Франција, Белгија и Германија.

Во Франција е остварен извоз на 171,4 тони риба хамси во износ од 1 милион 058 илјади 666 долари. По оваа земја следат Белгија со 887 илјади 530 долари и Германија со 773 илјади 556 долари.

Од друга страна, различно од истиот период лани им беше продадена риба хамси и на Шпанија, Велика Британија, Шведска, Либан, Оман, Катар, Ирак и Кенија.

 



Слични вести