Турција има силна економија со својата различност и дека имаат доверба во турската економија

На Седмиот состанок на високиот стратешки комитет Турција-Катар се очекува да бидат потпишани 12 нови договори

1744079
Турција има силна економија со својата различност и дека имаат доверба во турската економија

 

Заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Катар Мохамед бин Абдурахман Ал Сани рече дека Турција има силна економија со својата различност и дека имаат доверба во турската економија.

Ал Сани изјави дека на билатералната средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој престојува во неговата земја во рамките на официјалната посета на главниот град Доха, се разговарало за палестинското прашање, за случувањата во Сирија и Авганистан.

Истакнувајќи дека односите меѓу Турција и Катар се стратешко и исклучително партнерство и дека овие односи продолжуваат да се развиваат во сите области, Ал Сани рече дека денес со учество на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамед Ал Сани, ќе се одржи Седмиот состанок на Високиот стратешки комитет Турција-Катар.

Наведувајќи дека емирот на Катар и претседателот Ердоган ќе разговараат и за политичката и хуманитарната ситуација во Авганистан, Ал Сани рече: „На Седмиот состанок на високиот стратешки комитет Турција-Катар се очекува да бидат потпишани 12 нови договори“.

Во однос на турската економија, катарскиот министер Ал Сани рече:

„Имаме доверба во разновидната турска економија. Турската економија е изградена на цврсти темели. Ова и овозможува на економијата да ја надмине сегашната ситуација. Катар има големи инвестиции во Турција и овие инвестиции даваат плодни резултати.



Слични вести