Туркиш Ерлајнс на второ место во Европа по бројот на дневни летови во неделата 22-28 ноември

Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) соопшти дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со 1.019 летови дневно се наоѓа на второ место во Европа по бројот на остварени летови во неделата 22-28 ноември

1740529
Туркиш Ерлајнс на второ место во Европа по бројот на дневни летови во неделата 22-28 ноември

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со дневно остварени по 1.019 летови во периодот 22-29 ноември стана втора авиокомпанија со најголем број летови во Европа.

Европската организација за безбедност на воздушната навигација (ЕУРОКОНТРОЛ) ги соопшти податоците во врска со воздушниот сообраќај во неделата 22-28 ноември.

Според тоа, во оваа недела во Европа се остварени вкупно 140.372 летови неделно и 20.053 летови дневно.

Со укинување во голема мера на ограничувањата на опсегот на мерките за новиот тип коронавирус (Ковид-19), ирската авиокомпанија „Рајанер“ со дневно оствари по 2.103 летови стана авиокомпанија со најголем број летови во Европа.

На второто место е Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со 1.019 летови дневно, а трета е авиокомпанијата „Луфтханза“ со 934 летови дневно.

Турскиот авиопревозник „Пегасус“ се наоѓа на десетото место со дневно остварени по 401 лет.



Слични вести