Во првиот квартал на 2022 година ќе биде ископана уште една бушотина за истражување во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека дека во првиот квартал на 2022 година во Црното Море ќе биде ископана уште една бушотина за истражување со бродот за сондажа „Фатих“

1738695
Во првиот квартал на 2022 година ќе биде ископана уште една бушотина за истражување во Црното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во говорот што го одржа на 13. Консултативен состанок во секторот за истражување и производство на јаглеводороди истакна дека Турција ги продолжува своите активности со бродовите за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ и „Барбарос Хајреттин Паша“ и со бродовите за сондажа „Фатих“, „Кануни“ и „Јавуз“.

Донмез информира дека дека во првиот квартал на 2022 година во Црното Море ќе биде ископана уште една бушотина за истражување со бродот за сондажа „Фатих“.

Велејќи дека на флотата за сондажа е додаден нов брод за сондажа кој се опишува како 7-ма генерација, Министерот Донмез рече: „Во светот од овие бродови има само 5. Тоа што едниот од нив е кај нас не прави горди и не возбудува сите. Со овој брод ќе реализираме многу значајни работи. Напролет во 2022 година кон екипата ќе биде вклучен и нашиот 4-ти брод за сондажа и ќе ги започне своите активности за дупчење околу јуни или јули.“

Донмез појасни дека освен 7-те бушотини коишто се ископани досега во рамките на проектот за развој на гасното поле Сакарија и бродот за сондажа „Фатих“ ги продолжува своите активности во бушотината Туркали-6.

Фатих Донмез истакна дека по завршување на неопходните подготовки ќе се започне со дупчење и на локацијата Туркали-7, дека од страна на бродот за сондажа „Кануни“ успешно продолжуваат долгорочните тестови на протокот планирани во бушотината Туркали-2 коишто се водат водат на три различни нивоа и дека по потребните подготовки ќе започнат и тестирањата во бушотината Туркали-1.

Нагласувајќи дека во првиот квартал на 2022 година планираат да ископат уште една бушотина за истражување со бродот за сондажа „Фатих“, Донмез рече: „Во 2022 година планираме да ги завршиме претпроизводствените дефинитивни операции во сите бушотини.“.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез исто така појасни дека во првата половина на 2022 година ќе бидат започнати и работите за поставување на цевоводната линија за дистрибуција на дното на морето, по што се има за цел во 2023 година да се премине на првата фаза од производството.

Од друга страна, Турската нафтена компанија (ТПАО) соопшти дека успешно го завршила тестирањето за проток на третото ниво на резервоарот во бушотината за утврдување Туркали-2 во гасното поле Сакарија.

Според објавеното соопштение на профилот на ТПАО на социјалната мрежа Твитер, на утврденото ниво е обезбеден дневен проток на гас од 0,67 милиони кубни метри.

Во другите извршени тестирања во истата бушотината, на 28 јули е забележан дневен проток на 0,75 милиони кубни метри гас и на 31 август дневен проток на 0,63 милиони кубни метри гас. 

На тој начин во бушотината Туркали-2 е утврден потенцијал со проток на вкупно 2,05 милиони кубни метри гас.

 



Слични вести