Се повеќе се избираат производите и услугите со халал сертификат

Претседателот Ердоган истакна дека производите и услугите со халал сертификат поради тоа што се чисти и здрави се повеќе се претпочитаат и избираат како од страна на муслиманите, така и од страна на луѓето припадници на другите верувања

1738787
Се повеќе се избираат производите и услугите со халал сертификат
helal halal fuari expo istanbul.jpg
helal halal fuari expo istanbul.jpg
helal halal fuari expo istanbul.jpg

Во Конгресниот центар во Истанбул се одржа церемонијата на отворање на 8. Саем Халал Експо на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и 7. Светски халал самит до кои испрати порака претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот Ердоган во својата писмена порака истакна дека производите и услугите со халал сертификат поради тоа што се чисти и здрави се повеќе се претпочитаат и избираат како од страна на муслиманите, така и од страна на луѓето припадници на другите верувања.

Ердоган рече: „Производите и услугите со халал сертификат поради тоа што се чисти и здрави се повеќе се претпочитаат и избираат како од страна на муслиманите, така и од страна на луѓето припадници на другите верувања. Во овој сектор кој достигна го огромна големина, треба да го обезбедиме и безбедниот пристап на потрошувачот до производите и услугите со халал сертификат, и да го олесниме движењето на овие производи и услуги во меѓународната трговија. Со  таа цел гледаме дека Институтот за стандарди и технологија на исламските земји кој почна да функционира во 2010 година, одигрува многу значајни улоги.“

Велејќи дека ги покануваат сите земји членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) да станат членки на институтот и на тој начин да стават крај на разликите, неусогласувањата и недовербата во халал сертификацијата, претседателот Ердоган рече: „Со зголемување на нашата соработка во трговијата на производите и услугите со халал сетификат, ќе профитира целото човештво. Впрочем, ние како Турција со Агенцијата за акредитација Халал (ХАК) која и ја придадовме на нашата земја пред приближно 3 години, ја покажавме значењето што му го придаваме на ова прашање.  Повторно, во тие рамки, дојдовме до завршна фаза од изградбата на услужната зграда што ќе ја предадеме на употреба на институтот во Истанбул и имаме за цел во најскоро време да ги завршиме физичките, човечките и техничките подготовки и оваа зграда да му ја ставиме во услуга на исламскиот свет.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека верува оти овој самит кој се одржува во време кога загриженоста за здрава, чиста и безбедна храна се зголемува со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во целот свет  ќе претставува пресвртница во неговата сфера.

 



Слични вести